Jaz Tour Khalef 4* * * *  
Jaz Tour Khalef 4* * * *  
 

НАПОМЕНА: ЦЕНИТЕ ЗА ОВОЈ ХОТЕЛ МОЖЕ ДА ГИ ВИДИТЕ НА ПРЕБАРУВАЧОТ ↑ ↑ ↑

 

Локација: 
Хотелот се наоѓа на самиот влез во градот Сус. Излегува на сопствена плажа. Во близина се наоѓа ноќен клуб, продавници, ресторани. Медината е оддалечена 5 км, додека од аеродромот го делат 150 км. 
 
Хотелски содржини:
Главен ресторан, ресторан на плажа, ресторан за ужини покрај базенот, A`la Carte ресторан „ L'oliveraie“, лоби бар, бар покрај базенот, на плажа, 2 отворени базени со солена вода, аква парк со 6 тобогани, детски базен, детско игралиште, тениски терен, аеробик, аква аеробик. Гостите на хотелот можат да се релаксираат во добро опремен спа центар со сауна, парна бања или џакузи, како и во затворен базен во текот на зимскиот период. Со доплата: мини бар, доктор на повик, собна услуга, перална, thalasso терапија, спа центар, осветлување на тенискиот терен, спортови на вода, дадилка, ресторан на плажа, увозни пијалоци. Безжичен интернет во собите и на јавните површини, пешкири за на плажа, дневна анимација, ноќна забавна програма, фитнес центар, ватерполо, пикадо.
 
Сместување:
Располага со вкупно 520 соби (стандардни, фамилијарни, junior суити  и prestige суити). Сите соби се климатизирани, со балкон или тераса, со мини бар, сеф, прибор за правење чај и кафе, големо шише вода – секојдневно, сателитска ТВ, бања со туш и фен. Во стандардна соба, максимално дозволено сместување: 3 возрасни и едно дете до 12 год. Во понудата се и фамилијарни соби каде може да се сместат 2 возрасни и 2 деца до 12 години.
 
Услуга:
All Inclusive: појадок 07:00 - 10:00 , ручек 12:30 - 14:00 и вечера 18:30 - 21:00; доцен појадок 10:00 - 12:00, ужинки 15:00 - 17:00, италијанско или туниско мени, еднаш неделно во А`la Carte ресторан, со задолжителна резервација. Локални алкохолни и безалкохолни пијалоци во 6 барови, од кои еден (лоби барот) е отворен 24 часа – газирани и негазирани сокови, вода, локално пиво, вино, коктели, топли напитоци. 
 
Плажа: 
Песочна, пред хотелот. Нуди водени спортови